ЛЕГО претстави прва фигура во инвалидска количка
Првата некогаш направена ЛЕГО фигура во инвалидска количка е претставена на саемот во Лондон и Меѓународниот саем на играчки во Нирнберг.
Фигурата посебно се истакнувала меѓу другите новитети на компанијата кои биле поставени на една од презентациите, а која прикажува сцена во парк каде покрај фигурата човек во инвалидска количка биле оние на продавач на сладолед и велосипедистит.
ЛЕГО неодамна беше обвинет за недостиг на разновидност меѓу фигурите што ги лансира во продажба.
Кампањата која беше организирана во текот на минатата година лобираше ЛЕГО во својата програма да ги вклучи и хендикепирани личности.
- Ова што ние го бараме е повеќе од продажба или промена на пристапот кон хендикепираните. Станува збор за промена на културата и начинот на перцепција на хендикепираните лица, изјави една од иницијаторите на кампањата Ребека Аткинсон.
ЛЕГО набрзо потоа одлучи да го промени пристапот и во новото издание вклучи фигури на лице во инвалидска количка. Компанијата со тоа сврте нова страница во својата историја и покажа дека многу им е важно мислењето на корисниците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација