Живот
3. March 2017 - 10:50

Лего најави фигури со ликови на научници на НАСА

Данскиот производител на играчки Лего најави дека кутии со коцки на таа компанија наскоро ќе содржат фигури со ликови на жени кои се пионери на Американската вселенска агенција НАСА. 

Новиот сет од пет Лего фигури со ликови на стварни научници ќе биде во продажба кон крајот на 2017 година, или во почетокот на 2018 година, најави таа компанија.

Како што е соопштено, со новите фигури ќе бидат претставени научничките Кетрин Џонсон и Маргарет Хамилтон, физичарките и космонаутките Сали Рајд и Меј Џејмисон како и Ненси Роман.

Дизајнот на новинарката и писателка Маије Вејнсток победи на конкурсот, откако доби 10.000 гласови во јавно изјаснување, пренесе Би-Би-Си.