Џет-Сет
7. February 2017 - 10:27

Легендарните „Блек Сабат“ го одржаа последниот концерт

Британскиот „Блек Сабах“, група која важи за творец на хеви металот, во Бирмингем го оддржа својот последен концерт, јави Би-Би-Си.

Пејачот Ози Озборн (68) при тоа им се заблагодари на фановите за речиси петдецениската поддршка.

Турнејата наречена „The End“ („Крај“) почна во јануари минатата година во САД и во нејзини рамки бендот одржа 81 концерти ширум светот.

Многу бендови, сепак, објавија „крај“ на кариерата, но потоа се вратија привлечени од богатата понуда. Дали тоа ќе им се случи и на пионерите на хеви металот останува да се види.

Сепак, Озборн е решителен. - Ова е крај. Дефинитивно, тврди тој.

Групата „Блек Сабат“ во 1968 година ја основаа Ози Осборн, гитаристот Тони Иоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Ворд. Освен вториот, сите тројца настапија на концерот во Бирмингем со кој се збогуваа со публиката.

Би-Би-Си јави дека последниот концерт бил преполн со носталгија и дека само една од изведените песни била објавена по 1972 година.