Loading Video...
Фудбал
17. July 2019 - 13:21

ЛЕ: Шкупи очекува неизвесен меч со Пјуник

Екипата на Шкупи  со одличен резултат од првата средба во Лига Европа го пречекува ерменскиот Пјуник утре во Скопје. 

Ремито од 3-3 значи предност за македонскиот тим но спред претставниците на клубот работата е далеку од завршена:
„Можеби никој не очекуваше ваков развој на настаните. Пјуник не гледаше како мала екипа на првиот натпревар, можеби никој не очекуваше резултатот да биде 3:3, но во фудбалот треба да веруваш во себе. Од минатата година во првиот состав имавме само двајца играчи, другото се беше ново. И покрај тоа, одигравме добар меч. Иако губевме, направивме пресврт. Имавме и шанси да поведеме со повеќе од 1-3, но откако не ги искористивме, во европските мечеви грешките не се простуваат. Во првенството имаш право на грешки, но не и во Европа. Сакаме добро да ја претставиме Македонија, затоа што тоа носи плус за сите нас на листата на УЕФА.  Што се однесува до дуелот, не чека еден цврст натпревар, Пјуник е добар противник. Но имаме добар резултат, одиме понатаму дури и со реми. Но, ние нема да играме на 0:0 цели 90 минути, тоа е тешко. Ќе ја играме нашата игра и се надеваме за добар резултат за нашата екипа“, изјави тренерот на екипата Умит Каран.