Loading Video...
Фудбал
11. July 2019 - 18:02

ЛЕ: Пјуник се спаси од разиграниот Шкупи

Македонскиот претставник во Лега Европа, ФК Шкупи беше на прагот на сензационална победа против Пјуник но испушти водство од два гола на па крајот средбата заврши со резултат 3-3. 

Ерменците се традиционално незгодни за македонските екипи што се покажа точно и на овој меч на кој тимот од Чаир водеше и со 3-1. 

На мечот во Ереван Пјуник поведе од пенал со погодокот на Варданјан. 

Но погодокот не го збуни македонскиот претставник и доаѓа целосен пресврт преку Бајрами и Илиевски.  Со водство од 2-1 за Шкупи заврши првиот дел а во 60. минута Бајрами носи повисоко водство од 3-1 за својот тим.  Но следуваа очигледно минути на опуштање што Пјуник знаеше да го казни и набрзина со головите на Жестоков и Манучарјан израмни на 3-3 и избори по се што се случуваше на теренот поволен резултатот за реваншот во Скопје кој ќе се одигра по 7 дена.