Лажни закани за поставени бомби во киевското метро
Петте станици на метрото во Киев, кои попладнево беа затворени поради добиено предупредување дека во подземната железница се поставени бомби, повторно се отворени за сообраќај откако е утврдено дека станува збор за лажни закани.
- Станиците се проверени и отворени за сообраќај. Не се пронајдени никакви експлозивни направи, објави управата на киевското градско метро на својата Фејсбук страница.
Портпаролката на метро Наталија Макогон претгодно информира дека биле добиени закани за поставени бомби на станиците „Дњепар“, „Гидропарк“, „Левобережнаја“, „Арсеналнаја“ и „Хероите на Дњепар“, кои се наоѓаат во централниот дел на Киев.
Во Киев вечерва ќе се одигра финалето на фудбалската Лига на шампиони, во кое ќе се соочат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и Ливерпул.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација