Свет
26. May 2018 - 15:09

Лажни закани за поставени бомби во киевското метро

Петте станици на метрото во Киев, кои попладнево беа затворени поради добиено предупредување дека во подземната железница се поставени бомби, повторно се отворени за сообраќај откако е утврдено дека станува збор за лажни закани.

- Станиците се проверени и отворени за сообраќај. Не се пронајдени никакви експлозивни направи, објави управата на киевското градско метро на својата Фејсбук страница. 

Портпаролката на метро Наталија Макогон претгодно информира дека биле добиени закани за поставени бомби на станиците „Дњепар“, „Гидропарк“, „Левобережнаја“, „Арсеналнаја“ и „Хероите на Дњепар“, кои се наоѓаат во централниот дел на Киев. 

Во Киев вечерва ќе се одигра финалето на фудбалската Лига на шампиони, во кое ќе се соочат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и Ливерпул. 

Ново на Сител