Македонија
29. January 2020 - 17:13

Лажна дојава за бомба го испразни Сити Мол

- Лажна дојава за бомба во Сити Мол ги извади вработените и купувачите на улица. Околу четири часа полициските службеници ја бараа наводната експлозивна направа.

МВР приведе двајца тинејџери поради лажната дојава.

- Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол. Приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Евакуацијата траела 10-тина минути. Вработените велат дека некои од купувачите во паника трчале низ ходниците, но за среќа нема повредени.

- Припадниците на безбедносните сили не довозлуваат никој да се приближи до објектот. Половина час по евакуацијата, од страна на менаџментот повикани беа по еден вработен во секој локал во Сити Мол.

Поради брзата евакуација, голем од вработените беа излезени во несоодвена облека за временските услови. По речиси два часа им беше дозволено да се доближат до објектот за да ги добијат своите јаки, капути и лични предмети.

- Пожар избувнал во една од сендвичарите на вториот кат во трговскиот центар. Причината најверојатно е заборевена фритеза при евакуацијата. За среќа противпожарната единица интервенирала веднаш. Нема повредено, ниту е причинета поголема материјална штета.