Loading Video...
Ракомет
10. јуни 2019 - 15:59

Лазаров, Талевски и Ристовски денеска се приклучуваат на репрезентацијата

 
 
Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе го одработи и последниот тренинг пред заминувањето за Ескишехир каде во среда ќе го одигра дуелот против Турција, претпоследен во квалификациите за Европскиот шампионат догодина. 
 
Селекторот Данило Брестовац денеска на располагање треба да ги има сите повикани ракометари, односно на останатите кои се собраа пред три дена ќе им се приклучат капитенот Кирил Лазаров, Филип Талески и Борко Ристовски, кои имаа клупски обврски.
 
Иако чуварот на мрежата Ристовски се пожалил на здравствени проблеми, сепак се очекува тој како и Стојанче Стоилов, утре наутро да се најдат во експедицијата која ќе патува за Турција. 
 
До одигрувањето на мечот против Турција закажан за во среда (12 јуни) „црвено-жолтите“ ќе одржат и еден тренинг во салата „Порсук Спор Салону“ каде в среда од 18 часот е закажан почетокот на натпреварот. 
 
Потсетување дека во последниот меч од квалификациите Македонија 16 јуни во Струмица, ќе ја пречека Грција.