Ракомет
21. јуни 2022 - 19:55

Лазаров и Савевски ги скратија списоците за МИ во Алжир

Македонија на медитеранските игри во Алжир ќе се претстави и во два екипни спорта,  ракомет и одбојка.  Во експедицијата која патува вечерва се по 16 репрезентативци во машката и женската ракометна селекција. 
Во предвечерјето на медитеранските игри селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров го соопшти списокот од 16 имиња кои ќе ги бранат боите во Алжир. Во екот на подмладување на националниот тим ова ќе биде шанса за помладите ракометари да стекнат искуство и да се наметнат кај селекторот за поголемите натпреварувања. 
Од поширокиот список отпаднаа Галевски, Кузманоски, Тодески и Ѓорговски. Македонија е во Б- групата со Шпанија, Грција, Алжир и Турција.  Првиот натпревар го играме против Грција на 28-јуни.  И селекторот на женската репрезентација Љупчо Савевски  го скрати списокот на 16 ракометарки откако отпаднаа вкупно 6 од поширокиот список. 
Македонија е во група со Србија, Турција и Португалија и ќе стартува на 30-ти јуни.