Свет
9. December 2016 - 14:23

Лавров: Се обидуваат да ја воведат Црна Гора во НАТО пред заминувањето на Обама

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека се обидуваат да ја воведат на мала врата Црна Гора во НАТО пред истекот на мандатот на претседателот на САД, Барак Обама.

- НАТО ја унапредува инфраструктурата кон границата на Русија. Првпат по многу години, САД распоредуваат тежок арсенал во балтичките држави, изјави Лавор на маргините на министерскиот состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Хамбург.

Тој повтори дека потоа Алијансата нема да прима нови членки.

- Постојат френетични обиди Црна Гора да се провлече во НАТО, а никој не го прашува народот на таа земја што сака и не би било штета за тоа прашање да постојат консултации, наведе Лавров.

Тој оцени дека „целта е Црна Гора да стане членка на НАТО пред завршувањето на мандатот на Барак Обама“.