-->
-->
Лавров: САД се поканети на разговорите за Сирија во Астана
-->
САД се поканети на претстојните разговори за сирискиот конфликт во казахстанскиот главен град Астана, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Разговорите во Астана ќе се одржат кон крајот на месецов.
Лавров и пред два дена изјави дека е правилно американската страна да се покани на средбата посветена за Сирија.
Тој смета дека на таков начин Москва настојува да го консолидира режимот за прекин на огнот и придонесува во процесот за наоѓање политичко решение.
- Подготвуваме состанок во Астана во формат Русија-Турција-Иран. Сметаме дека е правилно на оваа средба да бидат поканети и претставници на ОН и на новата американска администрација, истакна Лавров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност