Лавров изрази надеж дека ЕУ ќе го надмине русофобичното размислување
Русија се надева дека Европската унија ќе престане „да следи мала, но агресивна група русофобично настроени земји“ кои ги користат своите антируски расположенија за да си ги решаваат задачите, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за кипарскиот весник „Симерини“.
Според Лавров, во политичките и бизнис кругови во ЕУ се почесто се слуша незадоволство во врска со санкциите на Брисел воведени под притисок на Вашингтон. Во Москва се надеваат дека во Унијата ќе се надминат размислувањата, ќе најдат сили во себе да се откажат од градење политика кон Русија врз принципот на „најмал заеднички содржател“, ќе престанат да следат „мала, но агресивна група“ земји кои се русофобично настроени и играат на антируска карта за решавање на „задачи од корист", истакна шефот на руската дипломатија.
Лавров исто така даде висока оценка за позицијата на Кипар, кој, според него, се залага за итно нормализирање на односите Русија - ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна