Ladna Premium со матичен млеч – нов, уникатен производ во асортиманот на Ladna
Кога станува збор за водење на здрав животен стил, природата е неминовен извор на инспирација, а често токму во природата можеме да го најдеме решението за одржување на здраво тело и здрав дух.
Затоа во создавањето на својот најнов производ, Ladna внимателно одбраа исклучиво природни состојки и без додавање на било какви конзерванси, бои или други адитиви ја создадоа Ladna Premium со матичен млеч.
Засладена со природен овошен екстракт, Ladna Premium со матичен млеч е единствена функционална вода на пазарот со целосно природен состав. Произведена од изворска вода Ladna, збогатена со природни ароми на брусница и јагода, витамини и природен екстракт од матичен млеч во лиофилизиран облик што гарантира задржување на нутритивните вредности на овој пчелин производ.
Ladna Premium со матичен млеч во својот состав содржи витамини од групата Б со кои се поврзуваат низа здравствени придобивки. Еден од нив е и витаминот Б6, којшто придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
„Купувачите се во постојана потрага по нови, иновативни производи со природни состојки, преку кои ќе внесат повеќе здравје и свежина во нивното динамично секојдневие. Преку надополнувањето на асортиманот на функционални води, овојпат во премиум сегментот, на нашите купувачи сакаме да им го понудиме токму тоа.“ – велат од Ladna.
Ladna Premium со матичен млеч можете да ја најдете во селектирани кафулиња и ресторани во пакување од 0,75 л и 0,25 л. Достапна е и за онлајн нарачка и испорака во Скопје на нивната онлајн продавница www.magstore.mk.
Дознајте повеќе на официјалната веб страна и на профилите на Facebook и Instagram.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
