Македонија
20. October 2019 - 16:41

Ла верита: Заев и Рускоска вмешани во „Рекет“, ОЈО демантира - шпекулации и невистини

Италијанскиот аналитичар  Ларис Гајсер тврди дека премиерот Зоран Заев е вмешан во случајот Рекет.  Тој на ЛаВерита објави нов текст во кој пишува дека Заев ургирал кај обвинителката Вилма Рускоска да се одблокираат 750те илјади евра од бизнисменот Силјан Мицевски кој ги уплатил за проектот пензионерски домови.

„Во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, во банката била придружувана од двајца претставници на Меѓународниот сојуз, кои ја земале целата сума и потоа исчезнале со парите. Во овој случај, официјално под истрага се таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународен сојуз, објави Ларис Гајсер од Ла Верита.

Според Гајсер притворањето на пратеничката Фросина Ременски делувала како битна амортизација со која преиерот се обидувал да се спаси од кривична одговорност. Неговите тврдења се засновани, на како пто вели потврда од Управата за финансиско разузнавање.

Гајсер пишува дека поврзаноста на премиерот со случајот Рекет дополнително се потврдува особено по информациите кои ги поседува италијанскиот аналитичар  и по сведочење на обвинителот Наум Пановски пред републичкото обвинителство. Пишува дека следниот ден по ова сведочење,  премиерот лично ја побарал обвинителката Вилма Рускоска  наредувајќи да ги одблокира парите. 

Обвинителството најостро ги демантира наводите на Гајсер и велат дека само официјално добиените информации во обвинителството се веродостојни што не е случај со објавениот текст на Лаверита. Во однос на парите, обвинителството вели дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017г до ОЈО доставиле иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719 000 евра.

По ова надлежен обвинител донел наредба за замрзнување на средсрвата а по добиените известувања од управата на 12. 04 следната година дека нема основи за сомневање средствата биле одмрзнати и биле подигнати наредниот ден. Во демантот се вели дека дури 7 месеци по подигањето на парите, советот ја избрал обвинителката Вилма Рускоска за гонење на организиран криминал и корупција.

Реакција на текстот во Лаверита упати и споменатиот обвинител Пановски.

- Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци, смета Наум Пановски.

Инаку, ооследните информации за случајот Рекет и прво осомничениот кои ги објави СДК, се дека во мобилниот телефон на Боки13 се регистрирани вибер пораки од осомничена која му напишала 3000, 5.000, 10.000 и други суми заокружени бројки илјади.

Обвинителството истражува која била целта на осомничената која ги испратила овие пораки до Боки 13. Вештачењето на телефонот ја откри и сумата од 50 000 евра која Специјалната обвинителка Катица Јанева ја зела од милионот ипол евра што биле земени од од бизнисменот Камчев, за да му ја олесни положбата во истрагата која ја воделе за него.