-->
-->
Квинс: Чистка на фаворитите
-->
Турнирот во Квинс, кој традиционално се игра пред третиот гренд слем во сезоната Вимблдон, започна со сензационални резултати. Уште на стартот својот настап го завршија Енди Мареј, Стан Вавринка и Мило Раониќ.
Првиот светски тенисер, Мареш потврди дека се наоѓа во лоша форма, откако не успеа да го совлада квалификантот од Австралија Џордан Томпсон, кој како „Лаки Лузер“ по повредата на Аљаж Бедене доби можност да настапи на главниот турнир.
Томпсон до најголемата победа во кариерата дојде во два сета 7:6, 6:2.
Сензација приреди уште еден Австралиец, Танаси Кокинакис, кој го совлада специјалистот за игра на тревната подлога, Милош Раониќ. Кокинакис е 698 на АТП листата, а на турнирот влезе со специјална покана на организаторот.
Австралиецот против Раониќ победи по голема борба откако двата сета ги доби во тај брејк со 7:6.
Турнирот заврши и за финалистот од Ролан Гарос Стан Вавринка. Швајцарецот во два сета 6:7, 5:7 беше поразен од Шпанецот Фелисијано Лопез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација