Џет-Сет
25. October 2015 - 11:55

Квентин Тарантино протестираше против полициското насилство во Њујорк

Американскиот филмски режисер Квентин Тарантино заедно со неколку стотици лица учествуваше во протестниот марш против полициското насилство во Њујорк, пренесоа американските медиуми.

Демонстрантите се собраа во Вашингтон сквер парк на Менхетен, по што прошетаа три километри до Шестата авенија.

Учесниците на протестот побараа правда за луѓето убиени од полицијата.

За учество на протестот Тарантино долета од Калифорнија , заедно со американскиот филозоф, писател и борец за граѓански права Корнел Вест.