Фудбал
26. March 2019 - 12:13

Квалификации за ЕП: Доминација на Англија и Франција

Селекциите на Англија и Франција  уште еднаш покажаа дека се во одлична репрезентативна форма, стигнувајќи до убедливи победи, втори по стартот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Англија гостуваше во Подгорица кај Црна Гора, чиј селектор Љубиша Тумбаковиќ пред мечот изјави дека не успеал да најде слабост во играта на „трите лава“, и затоа не изненадува 5:1 победата. Сепак, работите не тргнаа најдобро, откако Марко Вешовиќ во 17. минута ги донесе домаќините во водство, но за девет минути мечот целосно се сврте.

Во 30. минута Мајкл Кин, и во 39. Рос Баркли обезбедија Англија да дојде во водство, пред Баркли да постигне уште еден гол во второто полувреме, а Хери Кејн во 71. минута да зголеми на 4:1. Рахим Стерлинг ја продолжи неверојатната голгетерска форма за уште еден гол во мрежата на немоќните Црногорци.

Светските шампиони Франција пак, на „Стад де Франс“ го пречекаа Исланд и ја забележаа втората победа во квалификациите, овојпат со 4:0. Самуел Умтити во 12. минута постигна гол на асистенција на Килијан Мбапе, а Оливие Жиру во 68. минута по нафрлањето на Павар зголеми на 2:0. Печат на мечот ставија Мбапе во 78. и Антоан Гризман во 84. минута.

Во Лисабон, Португалија го загуби Кристијано Роналдо по само 31 минута игра, но успеа да извлече 1:1 реми против Србија, втор нерешен резултат за актуелните европски шампиони. Србија дојде во водство по само седум минути игра со гол од пенал на Душан Тадиќ, но Данило Переира израмни во 42. минута со прекрасен гол.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020, 2.КОЛО

ГРУПА А

Црна Гора – Англија 1:5

Косово – Бугарија 1:1

Табела: 1.Англија 6, 2.Бугарија 2, 3.Црна Гора 1, 4.Косово 1, 5.Чешка Република 0

ГРУПА Б

Луксембург – Украина 1:2

Португалија – Србија 1:1

Табела: 1.Украина 4, 2.Луксембург 3, 3.Португалија 2, 4.Србија 1, 5.Литванија 0

ГРУПА Х

Турција – Молдавија 4:0

Андора – Албанија 0:3

Франција – Исланд 4:0

Табела: 1.Франција 6, 2.Турција 6, 3.Албанија 3, 4.Исланд 3, 5.Андора 0, 6.Молдавија 0

Фото: ЕПА