-->
-->
Квалификации СП 2018: Прекинат мечот Хрватска - Косово
-->
Во квалификациите за Светското фудбалско првенство што следната година ќе се одржи во Русија, се одиграа осум натпревари од 7.коло, додека еден беше прекинат.
Дуелот од групата „И“ меѓу Хрватска и Косово беше прекинат во 25.минута, откако поради обилен дожт во Загреб, теренот на стадионот „Максимир“ беше преплавен со вода, па едноставно немаше услови средбата да продолжи. Затоа пак во оваа група големо изненадување приреди Финска која го победи Исланд, резултат кој го искористи Украина која со победата над Турција, ја презеде лидерската позиција на табелата.
Комплетни резултати од средбите од 7.коло во мундијалските квалификации:
Д група: Србија – Молдавија 3-0, Грузија – Р. Ирска 1-1 и Велс – Австрија 1-0
Табела: Србија 15, Р.Ирска 13, Велс 11, Австрија 8, Грузија 4, Молдавија 2.
Г група: Албанија – Лихтенштајн 2-0, Шпанија – Италија 3-0 и Израел – Македонија 0-1.
Табела: Шпанија 19 бодови, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.
И група: Финска – Исланд 1-0, Украина – Турција 2-0 и Хрватска – Косово прекината.
Табела: Украина 14, Хрватска 13 (-1 натпревар помалку), Исланд 13, Турција 11, Финска 4, Косово 1 (-1).
Денеска ќе се играат девет натпреври од осмото коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи