Балкан
17. September 2019 - 10:15

Курти: Косово сега не е во можност да и се придружи на Албанија

Кандидатот за премиер на Косово од Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека „Косово има право да се придружи кон Албанија, но дека тоа денеска не е можно“.

- Унијата меѓу двете земји е сложено прашање. Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанците, рече Курти, пренесе Газета Експрес.

Зборувајќи за химната на Косово Курти кажа дека треба да се смени и додаде дека „ни химната, ни знамето, не и припаѓаат на Албанија, туку на албанската нација“.

- Играчите не се виновни за химната и знамето, затоа што не можат да ја пеат химната. Подобро ќе биде химната да ја наречеме „Косово“, а не „Европа“, рече Курти, пренесе Косово.онлајн.