Фудбал
20. May 2022 - 21:12

КУП: Триумф на „лавовите“ во пенал серијата

Екипата на Македонија ЃП  е победник на националниот фудбалски куп откако по изведувањето на пеналите го совлада Силекс  со 4-3. Средбата во регуларниот дел заврши без голови и се играа продолжетоци каде мрежите повторно мируваа па се изведуваа удари од белата точка. Јунак на ѓорчепетровци беше голманот Стефковски кој успеа да ги одбрани ударите на Алији и Спирковски додека  Божиновски го одбрани пеналот на Попзлатанов. 
Печат на  пенал – серијата стави Сефер Емини по што ѓорчепетровци ја прославија својата втора куп титула освоена во четвртото финале и ќе ја престават Македонија во конференциската лига. 
Што се однесува до самиот натпревар  се играше рамноправно  за што говори и резултатот во регуларниот дел.  Најубавата шанса да го отвори резултатот ја имаше Каланоски во 57-та минута но и овојпат Стевковски успеа да одбрани  со што се покажа како клучен играч во тимот на лавовите како и  во пенал рулетот.