Loading Video...
Фудбал
4. December 2019 - 19:48

КУП: Предност за А.Пандев, Работнички и Брегалница

Првата четвртфинална пресметка помеѓу  Шкупи и А. Пандев донесе многу возбудувања но на крајот се радуваа гостите кои обезбедија предност од еден гол за во реваншот.  Фудбалерите на Шкупи имаа голема можност први да го отворат резултатот но Јурина не успеа да го совлада Чубраковиќ. 
Казната дојде во 93м кога Ристе Темелков  со убав пробив  си створи шанса и со прецизен удар донесе радост за Академија Пандев. 
Без победник заврши дуелот во Тетово каде Шкендија го пречека Работнички.   Шампионот влезе како голем фаворит на оваа средба и поведе со погодокот на Стениот Жуниор уште во 8м. 
Сепак конечните Работнички знаеше да казни  по катастрофалната грешка на домашниот голман Захов и со голот на  Стојков обезбеди поволни 1-1 за во реваншот. 
Во второлигашкото дерби подобар претставникот на Источната Конференција.  Брегалница ја совлада екипата на Лабуништа минимално со 1-0  и со предност ќе патува напролет на реваншот. 
Стрелец на единствениот погодок беше Мартин Стојанов во 51м.