Loading Video...
Фудбал
27. February 2019 - 18:52

КУП: „Лавовите“ на пат кон трето финале

На фудбалерите на Македонија ЃП им се насмевнува трето финале од националниот фудбалски куп откако славеа попладнево во струмица против домашната Беласица.

          Лавовите однесоа победа од 1-0 на првата полуфинална средба и тоа со погодокот на Бразилецот Карваљо во првото полувреме.

          Двете екипи имаа уште неколку обиди за погодок но гостите од Скопје беа за нијанса подобар противник и знаеја да ја обезбедат значајната победа пред реваншот во април.

          Во второто полуфинале на 6.март ќе играат А.Пандев и Победа.