Фудбал
15. January 2020 - 19:42

КУП: Фиорентина ја елиминира Аталанта

Познат е уште еден учесник во четвртфиналето на италијанскиот куп. Тоа е екипата на Фиорентина која славеше со 2-1 против фаворизираната Аталанта иако половина час играше со играч помлаку.

          Натпреварот одлично стартуваше за домаќинот кој поведе со погодокот на Кутроне  но  не за долго откако Иличиќ успеа да израмни на 1-1.

          Победата дојде во 84. Минута преку Шпанскиот интернационалец Лирола.

          Фиорентина во следната рунда ќе игра против Интер.