Македонија
29. December 2016 - 14:10

Куманово: По девет месеци пријавил дека малолетното дете му исчезнало

Македонската полиција доби пријава за лице кое е исчезнато со месеци. Верувале или не, таткото чекал 9 месеци за да пријави дека му ја нема малолетната ќерка.

Во полиција 47-годишниот кумановчанец Н.И. пријавил дека 17.03. неговата малолетна ќерка не дошла дома по часови на училиште, повеќе пати преку мобилен телефон се обидел да стапи во контакт со неа но безуспешно.