Македонија
3. October 2016 - 13:25

Кумановка доживеала хорор, едвај побегнала од силувачот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В. (42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.

Пријавениот на 21. минатиот месец околу 15.00 часот дошол во дворот на оштетената Ж.Б. во с. Бајловце и со употреба на физичка сила се обидел да изврши силување над истата.

Во еден момент оштетената успеала да побегне по што го пријавила настанот во СВР Куманово.