Македонија
31. March 2016 - 11:37

Кумановец лажно пријавил дека има бомба под неговиот автомобил

Кумановец (1987) пријавил во полицијата дека  има поставено бомба под неговиот автомобил „фиат мареа“ со кумановски регистарски таблички паркиран пред неговата зграда на бул. „Октомвриска револуција“.

Од полицијата потврдија дека кај нив случајот е пријавен во 8 часот и 30 минути од истото лице.

По извршениот увид на СВР Куманово и на Одделот за антитероризам при МВР не е пронајдена експлозивна направа. Во моментот се обавува разговор со лицето, потврди полицијата.