Балкан
27. јуни 2021 - 14:01

Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија

Чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек го најави Западен Балкан како приоритет на чешкото претседателство со Европската унија во втората половина на следната година.

Смената во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е првиот од трите надворешно-политички приоритети на Чешка за време на нејзиното претседателство од јули до крајот на 2022 година.

„Штета што досега не е одржана меѓувладина конференција за интеграција на Албанија и Северна Македонија, што би помогнало во деблокирање на пристапните преговори меѓу двете земји со ЕУ. Затоа би сакал самит на земјите-членки со Западен Балкан за време на чешкото претседателство“, нагласи Кулханек.

„Би сметал дека е успех ако можеме да го објавиме датумот кога Србија и Црна Гора можат да влезат во ЕУ“, изјаву Кулханек во интервју за чешката новинска агенција ЦТК.

Претходно, чешкиот премиер Андреј Бабиш објави дека треба да се одржи самит на претседателите и премиерите на земјите-членки на ЕУ во Прага.

Шефот на чешката дипломатија за националната новинска агенција изјави дека за време на шестмесечното претседателство не е можно да се постигне суштински пресврт, но можна е промена и дека се надева дека Чешка, како земја-претседател, ќе успее кога станува збор за европска интеграција на Западен Балкан.