КСС со протест пред Владата ќе бара исполнување на нивните барања
Конфедерацијата на слободни синдикати за утре попладне најавува протест пред Владата барајќи исполнување на нивните барања за усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.
Од Конфедерацијата на слободни синдикати се и против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.
– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Протестот е закажан во 16 часот бидејќи, како што велат од КСС, утрешниот ден е прогласен за работен.
Од КСС посочуваат дека поддршка имаат и од Европската и Светската конфедерација на синдикати. Тие, како што информираат од КСС, го поддржуваат протестот со кој се повикува на почитување на законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди кои ги има ратификувано Македонија, особено, конвенциите 87 и 98 од Меѓународната Организација на труд и Европската Социјална Повелба.
Протестите на КСС почнаа во јануари 2018 година во Скопје, а продолжија во Прилеп, Штип, Кичево и Куманово.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина