Македонија
17. јуни 2017 - 13:08

Крвава тепачка во кафеана во Трубарево: Едно лице на Ургентен со три убодни рани

Утрово околу 03.00 часот во населба Трубарево, скопско, во кафеана, по претходна расправија околу плаќање на сметка, Н.Ј. (22) од с.Луке, кривопаланечко, со нож му нанел три убодни рани на И.П. (30) од с.Ранковце, кривопаланечко.
 
На истиот му била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, при што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.