Балкан
30. April 2018 - 23:02

Крвава српска свадба: Пукал во јаболкото, го погодил сватот

Обидот за практикување на стариот свадбен обичај кој наложува невестата да не му се даде на младоженецот додека некој од сватовите не го погоди јаболкото за малку ќе завршеше кобно.

Инцидентот се случил во селото Биоска кај Ужице кога еден од сватовите пукал во јаболко, а случајно го погодил другиот сват во нога.

Ранетиот маж се здобил со прострелни рани во двете бутини и е згрижен на ортопедското одделение од Општата болница.

Според информациите од оваа болница, не е животно загрозен.

Погледнете како изгледаше тоа:

 

(Kurir.rs)