Кривично-правна одговорност за непочитување на полицискиот час
Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со одлуката на Владата на подрачјето на целата држава да се воведе забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.
– Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување. За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари, појаснуваат во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење