Македонија
20. September 2019 - 14:16

Кривични пријави против 2 лица за разбојништво

Две лица на возраст од 22 и 23 години се приведени за разбојништво во заложна куќа од каде одземале 300 000 денари.
 
Со закана од пиштол првопријавениот скопјанец со инцијали К.Р одзел од сефот 120 000 денари, а вториот Н.Н го одзел остатокот. Полицијата ги пронашла додека бегале кон селата Шишево и Грчец. 
 
Кај првопријавениот се пронајдени и одземени пиштол марка Пиетро Берета, маска, кацига и пари кои полицијата ги вратила на оштетениот. 
 
Во разговор во полициска станица двете лица го признале разбојништвото и откриле дека сториле уште 2 кривични дела разбојништво. Едно од тие е и разбојништвото на бензиска пумпа во Сарај на 11 септември каде маскирани влегле и под  закана краделе од касата. 
 
Мирјана Давидовска