Македонија
12. November 2019 - 20:33

Кривична за двајца охриѓани - фалсификувале договор при регистрација на возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Џ.(49) и С.С.(51), двајцата од Охрид, како и против А.Ц.(32) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. Р.Џ. и С.С. обезбедиле фалсификуван купопродажен договор за товарно возило „опел мовано“, по што го завериле на нотар и го употребиле при царинска постапка и во Бирото за метрологија во Скопје. Додека, пак, А.Ц. фалсификуваната докуметација ја употребил при поднесување барање за добивање согласност за регистрација на возилото.