Македонија
15. October 2018 - 16:32

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Берово за злоупотреби тешки 9.500 евра

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Берово, заради злоупотреба на службената положба и овластување во 3 наврати. Екс градоначалникот на административна службеничка, која не ги исполнувала условите, и овозможил да зема плата во период од 10 месеци како  раководител на одделение, иако имала решение за работно место, комунален редар.

-Со ова дејствие пријавениот го оштетил буџетот на општина Берово, во износ од 199.488 денари-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.

Во вториот случај, вработил лице со средно образование на работно место Референт за подготовка на материјали за седница на Совет, на која и доделил плата како да има завршено високо образование. Подоцна вработил и лице на работно место пожарникар, иако немало обезбедени буџетски средства за таа намена, па платата му се исплаќала преку наменска сметка за донација од МВР, без согласност на надлежните министерства.

-Со што го оштетил буџетот на општината за 355.660 денари, додаде Панајотова

Со овие незаконски дејствија бившиот градоначалник направил вкупна штета од близу 9 500 евра.