Кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид
Охридскиот Завод и Музеј поднесе кривична пријава против поранешната директорка Тања Паскали – Бунташеска поради неспроведување судска одлука, со што нанела финансиска штета од околу 120 илјади евра и на тој начин довела до блокирање на сметката на Установата.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција во Охрид појасни дека се работи за несовесно работење на Бунташеска, која не постапила согласно судска одлука од декември 2009 година за отстранување ѕид зад Куќата на Уранија во Охрид што Заводот и музеј го изградил на приватно земјиште.
Сопственикот кој пред судските инстанци го добил спорот, повел постапка за изрекување судски пенали во висина од три илјади денари дневно, но и покрај таквата состојба одговорното лице во Завод и Музеј не презело никакви активности за остранување на неправилно изградениот ѕид.
Заради неисполнување на судската одлука, за задоцнување од 700 дена на оштетениот му биле исплатени пенали во износ од 2,3 милиони денари.
- За жал, овде не се запрело, поранешната директорка продолжила со неизвршување на судската пресуда уште неколку години. Тужителите на 24 октомври годинава по истата пресуда за дневни пенали ја блокираа сметката на Заводот и Музеј, овојпат поради сума од над 5,2 милиони денари, изјави министерот Алаѓозовски, притоа појаснувајќи дека сето Бунташеска го криела од Министерството и воопшто не било презентирано ниту при примопредавањето на должноста.
Обврската за уривање на ѕидот по судска пресуда е исполнета од новото раководство на Завод и Музеј на 5-ти овој месец и тоа за неколку часа и за трошок од само 30 илјади денари.
Алаѓозовски пред медиумите додаде дека Министерството веќе префрлило средства во Заводот и музеј за покривање на дел од долгот, најавувајќи дека во догледно време истиот ќе биде целосно сервисиран и на тој начин ќе се овозможи непречено функционирање на Установата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово