Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година за потребите на јавното претпријатие по фактури набавил вреќи за отпад од правно лице од Струмица за цена во вкупен износ од 1.239.000 денари, а во 2023 година, исто така, набавил вреќи за отпад за цена во вкупен износ од 1.872.660 денари.
- Ваквите набавки ги извршил без да се спроведе постапка за јавна набавка и конкурс за избор на идејно решение, односно постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки. Исто така, пријавениот како директор на јавното претпријатие бил должен да предложи годишен план за јавни набавки и да донесе одлука за набавка на средства за работењето на претпријатието, меѓутоа тоа не го сторил, со што постапил спротивно на член 34 од Статутот на претпријатието. Со таквите дејствија С.Г. овозможил правното лице од Струмица да се стекне со против правна имотна корист во вкупен износ од 3.111.660 денари, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц