Кривична пријава против кратовец за лажно пријавување кривично дело
Полициски службеници вчера привеле кратовец за лажно пријавување кривично дело, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.
-На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир, Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица