Балкан
3. April 2019 - 11:21

Криминално братство на Малта: Уапсени Срби и Хрвати, еве што полицијата пронајде кај нив

Полицијата на Малта уапси четвориц мажи, од кои еден Хрват и двајца Срби, откако кај нив се пронајдени 65 килограми канабис.

Полицијата соопшти дека пронашла 17 килограми скриени во автомобил на 40-годишен жител на градот Корми, додека 47 килограми се пронајдени во гаража во градот Гзири.

Полицијата заплени и ранец со уште еден килограм канабис, како и мало количество смола од канабис. На мажите им се одземени и околу 17. 000 евра во кеш.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден државјанин на Малта, додека останатите тројца уапсени се 42-годишен Хрват кој живее во Гзири и двајца Срби на возраст од 36 и 37 години.

Се очекува денекса да бидат изведени пред суд.