Loading Video...
Спорт плус
15. January 2022 - 14:35

Крихмајер ги изненади конкурентите на спустот во Венген

Мажите се во швајцарскиот ски-центар Венген каде денеска се натпреваруваа во најбрзата дисциплина. 
 
Победник на овој спуст беше Австриецот, Винсент Крихмајер кој зад себе ги остави конкурентите, Бат Фојц од Швајцарија за 34.стотинки односно Италијанецот, Доминик Парис кој заостана 44 стотинки. 
 
Сега, Парис е лидер во генералниот пласман во спуст со 6 бодови повеќе од Норвежанецот, Килде кој денеска заврши на 7-то место. 
 
Во севкупиот генерален пласман во Светскиот куп лидер е Швајцарецот, Марко Одермат со речиси 600 бодови повеќе од Килде. 
 
И мажите утре на исто место ќе се натпреваруваат во Супер Џи.