Свет
26. March 2018 - 19:31

Кремљ повторно тврди дека „нема ништо“ со случајот Скрипал

Кремљ соопшти денеска дека Москва не е виновна за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал откако САД, Канада и држави од Европската унија протеруваат руски дипломати поради скандалот. 

- Жалиме поради тие одлуки. Причината за нивното протерување е поради случајот Скрипал. Веќе соопштивме и повторно укажуваме дека Русија не е одговорна и нема ништо со тој случај, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.