Кралицата Елизабета го прослави 91. роденден
Лондон, 17 јуни 2017 (МИА) - Кралицата Елизабета Втора денеска го прослави 91. роденден со манифестацијата „Поздрав на боите“, традиционална церемонија на британската војска и војската на Комонвелтот, која датира од 17. век.
Денот и покрај вообичаено убавото расположение, почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Лондон.
Петмина припадници на гардата паднаа во бесознание поради жештината на парадата, изјави портпаролката на копнените сили на војската.
- Можам да потврдам дека за време на парадата за роденденот на кралицата неколку војници паднаа во бесознание, посочи портпаролката, која додаде дека денот бил исклучително топол.
Таа нагласи дека на војниците итно им е донесена вода и им е укажана соодветна медицинска помош.
Елизабета Втора на 91 година продолжи да ги извршува своите должности, но изминатите години ги ограничи многубројните ангажмани.
Таа е родена на 21 април. Од 1974 година нејзиниот роденден официјално се празнува од 11 до 17 јуни, а причината за поместување на прославата е времето, бидејќи во април може да се случи да врне дожд.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората