Ковид-19 не ги заобиколи ни албанските затвори
Во албанските затвори, од почетокот на пандемијата до денеска со Ковид-19 биле заразени 133 лица, од нив 66 вработени и 67 затвореници.
Според заменик генералниот директор на албанските затвори, Фехми Суфа, од нив 119 оздравеле, додека починале еден вработен и еден осуденик. Моментно активни на болеста се 12 осудени лица од нив четворица во потешка здравствена состојба.
-Во затворите се уште се спроведуваат строги анти-ковид мерки, а средбите со членовите на семејството се заменети со проширување на распоредот за телефонски разговори. Секојдневно има по 400 до 450 комуникации преку Интернет каде затворениците комуницираат со членови на семејството, изјави Суфа за телевизијата Ора њуз.
Тој додава дека во време на вонредната состојба поради пандемијата привремено биле ослободени да заминат во нивните домови 380 осуденици. Мал број од нив предвреме биле вратени назад поради семејно насилство или непочитување на правилата.
Епидемиолошката состојба во земјата не се смирува. Бројот на новозаразени во претходниот и овој месец во просек е над 150. Според вчера,последно соопштените податоци, од направените 844 тестови позитивен резултат е добиен кај 159 со што вкупната бројка се зголеми на 12.385, оздравеле 52 или вкупно 6.940, додека починале четири или 362 лица.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион