Ковачки: Џафери мора да поднесе одговорност за неговото однесување во Собранието
Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата.
Талат Џафери во период од неколку дена направи два тешки скандали.
1. Беше фатен во живо на собранискиот канал како се заканува, пцуе и врши мобинг на вработените во Собранието
2. Се обиде да сокрие дека се сретнал со чеченски претставник и поранешен член на руската Дума, за тоа не ја извести јавноста и релативизираше.
Талат Џафери мора да поднесе одговорност за неговиот дивјачки однос во Собранието. Ковачевски не смее да премолчува на овој примитивизам само затоа што сака да остане на власт. Со релативизирањето на односот на Џафери во Собранието се создаваат опасни преседани кои упатуваат порака дека системот не се грижи за вработените и воопшто луѓето, нивниот интегритет и чест.
Со молкот Ковачевски ги понижува вработените во Собранието многу повеќе од Талат Џафери и испраќа порака дека на Џафери се му е дозволено, вклучително и да малтретира и понижува луѓе, затоа што од него зависи владата.
Во однос на приемот на чеченската делегација, среќавајќи се со лица кои се безбедносно опасни за тоа да ги извести надлежните. Талат Џафери на виделина ја исфрли безбедносната незрелост.
Се поставува прашањето дали македонските служби биле информирани за оваа средба на Џафери и дали Џафери ги брифирал за разговорот што се водел?
И овој случај е премолчен од Ковачевски, затоа што истиот е заробен човек, кој живее во страв да не му падне владата, зошто на избори не може да добие поддршка од народот.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Ковачевски да се охрабри и да организираме предвремени парламентарни избори. Со распуштање на парламентот ќе ги нема ниту понижувањата кои сега ги дозволува за да остане на власт.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк