Ковачевски: Не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување на даноците и придонесите
Даночното оптоварување кај нас и оптоварувањето на придонесите е најниско од сите држави од регионот и мислам дека не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
- Ние со бизнис заедницата разговараме секојдневно. Јас имав состанок со претседателот на Стопанска комора завчера, исто така и со претставници на потсекторски групи. Кога се разговара за висината на придонесите, тогаш таа мора да се стави и во корелација со другите даноци во државата, меѓутоа и да се направи компаративна анализа со земји од соседството и со земји коишто се адекватни за компарација со нашата и можам да кажам дека даночното оптоварување кај нас и оптоварувањето на придонесите е најниско од сите држави од регионот, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.
Тој нагласи дека во државата постојат и мерки коишто се однесуваат на субвенционирање на дел од придонесите со цел на зголемување на платите кај приватните компании и тие даваат одлични резултати.
- Заедно со системските мерки коишто се направија за новиот систем за зголемување на минималната плата, вклучително и со овие мерки ние имаме историско зголемување на минималната плата која беше 8.000 денари, а сега е 20.175 денари. Во тоа време беа потребни четири и пол минимални плати за една потрошувачка кошничка, а сега се потребни две, посочи Ковачевски.
Дополнително, додаде премиерот, просечната плата од ниво од 20.000 денари сега е на ниво над 34.000 денари.
- Притоа имаме намалено ниво на невработеност и зголемено ниво на вработеност. Подобри показатели од тоа дека имаме исправна економска политика во делот на вработувањата, во делот на зголемувањата на платите, во делот на намалувањето на невработеноста од овие не може да има и не постојат аргументи коишто можат да кажат дека оваа економска политика не дава резултати, потенцира Ковачевски.
Ново на Сител
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25