Ковачевски на работна вечера кај Макрон во Елисејската палата

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Елисејската палата беше гостин на работната вечера што ја приреди претседателот на Француската Република Емануел Макрон, за шефовите на држави и влади учесници на Парсискиот мировен форум.
- Работната вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, е одлична можност, во пресрет на Парискиот мировен форум, да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот, објави Ковачевски на фејсбук.

Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на отворањето на Парискиот мировен форум чија цел е поттикнување соработка и изнаоѓање решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.
На Форумот што го отвори францускиот претседател Макрон присуствуваат повеќе лидери на држави и влади и претставници на меѓународни организации и од академската заедница.
На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој".
Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е Ковачевски да има билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
