Ковачевски: Минималната плата е зголемена за 100% во мандатот на оваа Влада, платите продолжуваат да растат
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100% и платите продолжуваат да се зголемуваат.
„Ако пред 6 години беа потребни 4,25% минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка сега се потребни 2 минимални плати за да се покрие 1 потрошувачка кошничка. Сите вие критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата, дури од ВМРО - ДПМНЕ економистите кои ги почитувам јавно излегуваа и кажуваа дека не треба да се качува минималната плата. Имаа свој концепт но јас сметав дека овој концепт тој којшто треба да се следи. Второ, ако ја видиме просечната плата, таа е качена над 60 евра, над 31.000 денари зошто, затоа што начинот на поддршка на инвестициите и субвенционирање на инвестициите којшто порано беше субвенционирање на инвестиции заради отворање на работни места со евтина работна сила сега е субвенционирање на работни места заради повисоко платени работни места. Сега ако отидеме во ТИРЗ-овите, сите работните места се со плата над просечната“, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар