Македонија
20. January 2023 - 8:42

Ковачевски и Костадиновска ќе извршат увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион.

Ковачевски и Костадиновска најнапред ќе го посетат старото училиште во село Љубојно, а потоа ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи.

Потоа премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе ја посетат компанијата  Деалтаск Фреш Дооел во Ресен.