Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска го посетија семејството Шишковски со цел да ја запознаат Стефанија, млада жена која работи во локален супер маркет, и која со законското решение неделата да биде прогласена за неработен ден сега има повеќе време да им се посвети на семејството и на личниот поквалитетен живот.
Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека таа придонесува работниците како Стефанија да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место.
Со ова законско решение, рече премиерот Ковачевски на средбата, е направен уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда со што е продолжена грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата.
Претседателот на Владата изрази благодарност до работодавачите и стопанските комори, како и до синдикатите кои го поддржаа ова законско решение и додаде дека одделните разлики што се појавија во имплементација на неработниот ден ќе бидат усогласени во интерес на сите.
Ковачевски потенцираше дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество и затоа и грижата за нив треба да биде на највисоко ниво.
„Токму затоа за неполни четири години минималната плата од 9.000 е покачена на над 15.000 денари што е повеќе од 6.000 денари месечно по вработен, или 72.000 денари повеќе во семејството“, рече на средбата Ковачевски.
Тој додаде дека државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните и со поддршка на растот на платите.
Ново на Сител
-
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
-
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-
Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
-
Цонга ја заврши богатата кариера
-
Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
-
Пендаровски: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на ЕУ
-
Директор во скопска фирма физички нападнал вработена
-
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк