-->
-->
Ковач го предлага „белгискиот модел на региони“ за правата на Хрватите во БиХ
-->
Претседателот на Одборот за надворешна политика во хрватскиот Сабор, Миро Ковач, денеска оцени дека Хрватите во БиХ со преуредувањето на оваа земја во три региони, по примерот на Белгија, би можеле остварат еднакви права со Бошњаците и Србите.
-БиХ би можела да се инспирира од белгиското уредување, земјата која има три јазични заедници и постојат три региони. Истото може да се направи и во БиХ за Хрватите да можат да бидат во целост рамноправен народ со другите два уставотворни народа Бошњаците и Србите, изјави Ковач во интервју за Радио-телевизија ХерцегБосна од Мостар, пренесе Хина.
Тој додаде дека официјален Загреб ќе биде уште повеќе ангажиран околу БиХ на што повикуваат и одредбите од Дејтонскиот мировен договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени